Оваа влада и владина коалиција освои повеќе од 600 илјади гласови и ќе биде апсолутен победник на изборите, рече премиерот Христијан Мицкоски, прашан за изборите и дали доколку исходот не биде посакуван, ќе има промени во владината коалиција.
За кампањата, вели дека очекува да се однесува на проекти, но според него, Демократската унија за интеграција спроведува политики кои ги враќаат граѓаните 25-30 години назад.
„Кампањата очекувам да биде кампања која ќе се однесува на проекти, но очигледно дека има политичка партија, пред се мислам на ДУИ, која што наместо да зборува за проекти и иднина, не враќа 25-30 години назад и наметнува такви теми. И заедно со одредени структури во опозицијата, се обидува да наметне атмосфера во општеството, кога ќе излегуваат на избори да внимаваат за кого гласаат, бидејќи наметнувајќи теми од пред 25-30 години, сакаат да стават знак равенство помеѓу ДУИ и Вреди. Ставајќи знак на равенство, велат „и овие крадат, овие се помалку националисти“, мислејќи дека така ќе заборваиме на сета онаа пљачка која се случуваше изминатите децении. Затоа што мислат дека ако граѓаните излезат и не гласаат за Вреди, тогаш тие ќе бидат апсолутни победници и ќе бараат предвремени избори“,рече премиерот Христијан Мицкоски.
Според него, кандидатите кои ги нуди ДУИ се оние кои ги натерале Албанците да се исселат од Македонија, додека пак, оние кои ги нуди владејачката коалиција се кадри кои сакаат сите заеднички да ја градат иднината.
„На овие избори, граѓаните бираат помеѓу концептот што 20 години ја опустошуваше Македонија и оние кои сакаат заеднички да градиме иднина“, посочи Мицкоски.