Историско зајакнување на односите меѓу Македонија и една од водечките светски сили

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе ја информира јавноста за постигнатата согласност со британскиот премиер Кир Стармер за потпишување договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Средбата се одржа во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Мицкоски: Историски ден за Македонија, постигната согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Стратешки договор со глобална сила

И двајцата премиери се согласија дека договорот претставува важен чекор напред во засилување на меѓудржавната соработка, продлабочување на врските и отворање нови перспективи. Според Стармер, партнерството е „одлична можност“ за заеднички напредок во повеќе области.

„Имаме што да понудиме едни на други. Ова е вистински пример за билатерално лидерство“, изјави Стармер.

Инвестиции од 5 милијарди фунти – фокус на инфраструктура и реформи

Според премиерот Мицкоски, договорот ќе овозможи инвестициски циклус вреден околу шест милијарди евра, насочен кон клучни сектори:

инфраструктура

железница

транспорт

здравство

енергетика и иновации

Дополнително, Македонија ќе добие пристап до британска експертиза и финансиска поддршка за системски реформи.

НАТО сојузници со засилен дијалог

Мицкоски нагласи дека договорот е потврда за цврстите односи меѓу двете НАТО-сојузнички земји, додавајќи дека тој отвора простор за:

засилен политички дијалог

координација во меѓународни институции

соработка на глобални безбедносни прашања

„Ова е историски настан кој ја позиционира Македонија како сериозен партнер на глобално ниво“, рече Мицкоски.

 Деталите наскоро пред јавноста

Договорот е резултат на повеќемесечни интензивни дипломатски преговори. Како што најави премиерот, сите детали ќе бидат објавени во наредните денови.

Извор: Миа