Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на мега-паркот со плоштад во населба Радишани, Општина Бутел.

Паркот ќе се протега на површина од 10.000 м2. Новиот парк ќе има зелена површина од 6.000 м2, плоштад од 4.000 м2 и мега детско игралиште.

Проектот е вреден 20 милиони денари, а средствата се обезбедени од Владата.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, соопштија од владината прес-служба.