Когенеративни гасни централи и ветерен парк: Фокус на енергетика и чист воздух
На денешната седница на Собранието, на која се одговараше на пратенички прашања, премиерот Христијан Мицкоски го истакна значењето на новите инвестиции во енергетскиот сектор. Тој посочи дека акцентот е ставен на изградбата на когенеративни гасни централи и на ветерниот парк на компанијата „Алказар“, за кој веќе е поставен камен-темелникот.
„Турската компанија „АКСА груп“ имаат амбиција да изградат проекти во делот на проеизводство на електрична енергија и топлина на гас, користејќи го гасот како примарно гориво, а со тоа да обезбедат затоплување на одредени региони кои досега немаат централно затоплување и користат други алтернативни начини, а најчесто тоа се дрва.“, рече премиерот и дополни: „Најголем предизвик е квалитетот на воздухот со кој што живеат скопјани, а гледам дека не е само за Скопје, тоа е предизвик буквално за најголемиот дел од градовите низ државата. Никој во минатото сериозно не се занимавал со системот на затоплување, иако според сите физибилити студии повеќе од 60% како фактор кој што влијае на квалитетот на воздухот и квалитетот на животната средина е токму тоа, системот на затоплување. Најчесто се користат фосилни горива, дрва маса, а некогаш се користи се.“
Мицкоски истакна дека проблемот со загадувањето не може да се реши веднаш, туку преку активни мерки како што се набавка на 120 електрични автобуси и изградба на когенеративни централи.
Партнерство со турската компанија АКСА груп
„Дојдовме до преговори со заинтересирани страни и меморандум за разбирање кој што го потпишавме со турската компанија „АКСА груп“ за изградба на најмалку две ваков тип постројки, едната во Скопје, а ја разгледуваме можноста каде да биде другата. Во нивното портфолио ваков тип на постројки изградиле за 10 месеци во Узбекистан. И сега прашањето е зошто во минатотот не се постигнало договор иако преговарале, причината била девијантно однесување на поединци кои што биле дел од претходната Влада. Сега имаме отворен пат, еве не мора да се 10 месеци, нека се две години да бидат изградени ваков тип на објекти. Истите ќе изградат и подзема инфраструктура, но истовремено и терцијална гасна мрежа за оние кои што ќе сакаат да користат гас. Оваа инвестиција од една милијарда евра, потенцијални, очекуваме во наредниот период од 5 години да биде реализирана, со што драматично ќе се влијае врз квалитетот на воздухот.“, рече Мицкоски.
Ветерниот парк „Алказар“ – проект со глобален бренд
„Што се однесува до „Алказар“, тоа е многу важно, постави веќе камен темелник. Минатата година кога ја потпишавме оваа инвестиција и Меморандумот, истите тие кои што зборуваа за ова, напаѓаа, конструираа дека ќе бидат давани повластици, не знам какви бенефиции ќе сме им дале. Еве ништо, видовме дека е пазарно ориентирана компанија. Но она што можам да го кажам, кое не е официјално е можеби некој не успеа да ги донесе во минатото Гугл и Фејсбук, но многу веројатно еден голем светски бренд, самите ќе оставам тие до крајот на месецот да го кажат, ќе користи електрична енергија произведена од овој ветерен парк, од македонски ветер. Тие се сега во фаза на преговори и оставам компанијата инвеститор тоа да го соопшти. Кога зборувам голем светски бренд, зборувам за бренд кој во својата индустрија е во првите три во светот и ако ја прифатат мојата сугестија, а тоа беше на самото поставување на камен темелникот во делот на тие 300 хектари земјиште кое што го имаат под концесија, да инсталираат и соларни панели и батерии , тогаш нема да биде само од ветер, туку ќе имаме хибриден систем.“, заклучи премиерот Мицкоски.
Мицкоски најави зголемување на инвестициите по завршување на трговските преговори со САД