Целта на денешната прес конференција е да го објасниме она што го работиме и какви се бројките, Македонија забрзува и државата мора да оди напред, покажуваме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Остануваме посветени на решавање на проблемите, враќање на долговите и решавање на нафртената криза која е увезена. Обезбедуваме инвестиции, отвараме нови работни места. Мора да обезбедиме напредок и да ги оставиме изговорите, изјави денеска премиерот Христија Мицкоски.

Во време кога регионот и светот се соочуваат со сериозни економски, безбедносни и економски предизвици, кога многу држави се борат со последиците од глобалните кризи, инфлациските притисоци, нарушените пазари и наршената геополитичка неизвесност, покаживаме дека можеме да одиме напред. И покрај сложеното опкружување, државата бележи раст, се движи во позитивна насока и покажува со одговорна политика, дисциплина и јасен план може да се сосздава стабилност, да се потикнува развој и да се отвара простор за подобар живот на граѓаните, потенцираше премиерот.

Тоа е особено важно затоа што успехот во вакви услови, не пред се резултатот на она што претставува наследена состојба туку пред се резултатот на посветена работа, јасни приоритети и решителност државата да не биде заложник на кризите, туку истите да ги решава и надминува, рече Мицкоски.

Ова е Влада која останува посветена на борбата против корупцијата и дека разликата се чуствува во фактот што правдата и правилата мора да важат за секого. Очекувам во периодот кој што следи, темпото и резултатите од работата да бидат уште посилни, посочи Мицкоски.

-Економскиот раст и зголемувањето на БДП не се само бројки, тие се доказ за нашата работа , инвестиции и заедничка посветеност кон подобра иднина. Нашата цел е силна, стабилна и конкурентна економија што ќе создава нови работни места, повисоки палти и подобар животен стандард за сите. Ќе продолжиме со политики што потикнуваат развој, иновации и економски напредок. Заедно чекор по чекор ја градиме иднината на нашата држава, порача македонскиот премиер Христијан Мицкоски.