Одбележан Светскиот ден на Ромите со порака за еднаквост

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на настан по повод одбележувањето на Светскиот ден на Ромите, при што испрати пораки за еднаквост, достоинство и почит кон сите граѓани.

„Вечерва присуствував на настан посветен на одбележувањето на Светскиот ден на Ромите, ден кој не потсетува на значењето на еднаквоста, достоинството и почитта кон секој човек.“

Тој нагласи дека ромската заедница има значајно место во општеството и претставува важен дел од државата.

„Ромската заедница е нераскинлив дел од нашата држава, дел од нашата историја, култура и заедничка иднина.“

Порака за еднакви можности и подобра иднина

Во обраќањето, премиерот потенцираше дека институциите имаат обврска да создаваат услови за еднакви можности за сите граѓани.

„Затоа, нашата обврска е јасна, да продолжиме да градиме општество во кое секој граѓанин има еднакви можности, пристап до образование, работа и достоинствен живот.“

Настанот беше посветен на одбележување на Светскиот ден на Ромите и промовирање на вредностите на еднаквост и инклузија во општеството.