Премиерот Христијан Мицкоски објави дека денеска имал средба со претставници на авиокомпанијата Wizz Air, на која разговарале за можности за проширување на соработката, подобрување на услугите и развој на нови иницијативи.

Средбата беше одлична прилика за размена на идеи и искуства, со цел подобро да се одговори на потребите на патниците и да се поттикне понатамошен развој во авиосообраќајот, објави Мицкоски на Фејсбук.

Инаку, со субвенции од државата се воведуваат уште пет нови авилинии. До Скопскиот аеродром од 6 април следната година ќе се лета од Наполи и Будимпешта, а до Охридскиот аеродром од 28 јуни од Катовице, Вроцлав и Милано, објавија денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и Џозев Варади, главниот извршен директор на Виз Ер.