Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид на градежните активности на делницата од Климештани до Охрид, која е дел од автопатот Кичево – Охрид. Посетата ќе се одржи на локацијата кај натпатникот Подмоље, каде што се одвиваат значајни инфраструктурни зафати во рамките на еден од најважните патни правци во земјата.

Предвидена е изјава за медиуми на премиерот Мицкоски.

За потсетување, ова не е првпат летово премиерот да е на оваа делница. Веќе беа отворени првите 20 километри од патот.

(ФОТОГАЛЕРИЈА+ВИДЕО) Еве како изгледаат првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид

Со интензивната работа на министерот Николоски и премиерот Мицкоски конечно се активираше овој инфраструктурен проект.