Премиерот Христијан Мицкоски најави нова странска инвестиција во Штип, со која ќе се отворат 500-600 нови работни места. Станува збор за фабриката на компанијата „Магна“, која оваа недела започнува со работа, со вкупна инвестиција од 45-50 милиони евра.
„Странски инвестиции секојдневно доаѓаат, разговараме и имаме околу петнаесетина во процес на развивање. Очекувам најмалку половината да бидат успешни, ако не и сите. Со задоволство можам да кажам дека фабриката на ‘Магна’ започнува со работа во Штип со нови 500-600 добро платени работни места,“ изјави премиерот Мицкоски при посетата на струмичко Ново Село.
Тој додаде дека државата продолжува да се зацврстува како водечка дестинација за странски инвестиции во регионот. Според него, Македонија лани ја остварила целта да привлече најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот, а оваа година планот е да се задржи истиот тренд.
Нова потенцијална инвестиција на италијанска компанија во ТИРЗ Штип
Оваа нова инвестиција е дел од пошироката стратегија на Владата за зголемување на економскиот раст и отворање нови работни места.
Извор: Миа