Премиерот Христијан Мицоски најави средба со британскиот премиер Кир Стармер. На социјалните мрежи напиша дека ќе има добри вести за Македонија .
Со Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта патуваме во Тирана. На самитот на Европската политичка заедница, каде имам средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер со добри вести за Македонија, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
Мицкоски денеска беше домаќин на претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје. По средбата одржаа заедничката прес-конференција во Владата.
Мицкоски нагласи дека нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи. Веруваме дека иднината на македонските граѓани е во рамките на европското семејство, кажа Мицкоски.