Образованието треба да биде нашето најсило оружје за раст и обезбедување на иднина. За прв пат после 7 години во учебната година 2024-2025 се започна со испорачани учебници, над еден милион примероци беа поставени на училишните клупи, на првиот училишен ден и покрај краткиот рок.Испечативме над 100 нови наслови за средното стручно образование Изградивме 7 нови училишни објекти. Реконструиравме 20 училишни објекти, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски, на отчетот од една година Влада.
Изградба на 4 училишни спортски сали
Студените добиваат нови згради, се одблокира изградбата на факултетските објекти на ФИНКИ и ФФК, инвестициски циклус од 2 милијарди денари. Најголем влог во образованието досега – Обезбедени 38 милијарди денари за образованието во 2025 година. Обезбедивме 680 милиони денари буџет за наука во 2025 година, двојно повеќе од 2024 година. Обезбедивме 274 милиони денари за финансирање на иновативни научно – истражувачки проекти на јавните високообразовни и научни установи, МАНУ и компаниите кои соработуваат со академската и научната фела. Обезбедивме на бесплатен пристап до научните бази SCOPUS и WEB OF SCIENCE за сите научници, професори и студенти на државните универзитети, со што на располагање ќе имаат литература и трудови кои ќе го стимулираат нивниот труд и креативност, изјави Мицкоски.
Проширен е опсегот на мерката субвенциониран студентски оброк и за сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и за постдипломците . Обезбедивме на над 12% повисоки плати за наставниот кадар и стручниот персонал во основните и средните училишта, 14% повисоки плати на професорите на факултетите, потпишана согласност за раст на платите до 60% во следните 4 години. Во тек е темелна реконструкција на два студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во вредност од 17 милиони евра
Обезбедивме 50 милиони евра за 1570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта, кажа Мицкоски.