На работниот брифинг се разговарало за досегашните резултати и следните реформски чекори
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одржа работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на кој се разговарало за реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата.
„Денеска одржавме работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата. Разговаравме за досега постигнатите резултати, тековните активности и следните чекори за исполнување на реформските обврски“, напиша Мицкоски.
Како што посочи, на средбата била потврдена потребата од продолжување на соработката и од ефикасно спроведување на реформите.
„Заеднички ја потврдивме важноста од континуирана соработка, транспарентен дијалог и ефикасно спроведување на реформите што ќе придонесат за посилни институции, подобро владеење и забрзување на европскиот пат на Македонија. Остануваме посветени на реформите кои носат конкретни придобивки за граѓаните и ја зацврстуваат европската перспектива на државата“, објави Мицкоски.
