Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така во работата, има и специјализирани машини, особено за подпатниците. Во број на ангажирани работници, некаде околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот.
Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените!, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски за време на обиколката на трасата на автопатот Кичево- Охрид заедно со министерот Александар Николоски.