Сигурен сум и убеден дека Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градоначалник на Скопје. Ова го кажа вечерва премиерот Христијан Мицкоски во гостување на ТВ Сител.

– Го познавам Ѓорѓиевски декада и половина имајќи ја предвид нашата разлика во возраста мислам дека е сосема доволен период да го научам Ѓорѓиевски и неговиот карактер, амбиција, желба, начионот на функционирање и работа итн, што е комплетно различно од оној случај во 2021 година кога се обидувавме со некое решение надвор од партиската структура. Имаме сега комплетен антипод на тоа, наведе Мицкоски.

Во однос на соработката со коалицискиот партенр ЗНАМ на изборите посочи дека преговорите не се завршени уште, но како што посочи, конвергираат кон позитивно решение, а ќе биде многу скоро.

Прашан дали ќе се смени односот кон „Вреди“ доколку оствари значително послаби резултат од ДУИ, рече дека е убеден дека по развластувањето на ДУИ следи процес на катарза на албанското гласачко тело и дека ќе биде препознаена политиката на „Вреди“ наспроти таа на ДУИ.