Во оваа тешка година имаме резултати зад нас кои се јасен показател дека стигнавме на солидна основа. Реализиравме или отпочнавме над 250 поголеми проекти. И она што денес сакам да го соопштам е дека за повеќе од 3 пати ќе се зголеми бројот на проекти за следната година. Веќе вклучуваме во 5та па 6та брзина. Ова вечерва го изјави премиерот Христијан Мицкоски, на отчетот одд една година Влада.

И очекувам максимална посветеност во исполнување на програмата. Очекувам преку 400 проекти мерки чекори реформи во наредниот период кои ќе бидат насочени на  развој и раст, подобар стандард, поквалитетно образование, борба против корупција, инвестиции и реформи во здравството, големи проекти во инфраструктурата, реформи во дсноцната политика и справуванјето со инфлациски и предизвици на животниот стандард, проекти за млади, проекти за земјоделци, проекти за работници, проекти за купување на нов дом, возила… проекти кое ќе го донесат времето за кое сите се надеваме и длабоки промени кои ги заслужуваме, иизјави Мицкоски.

Мицкоски: Економијата остана нашиот најглавен фокус и борбата за подобар живот

Обезбедивме 500 милиони евра за поддршка на компаниите и за поддршка на општините за реализација на капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните.
Постигнавме раст на БДП од 3,2% и македонската економија да е на 4-то место во Европа веднаш зад Ирска, Данска и Полска.
Постигнавме рекордно историско најголемо ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра.
Првпат по седум години намален е јавниот долг, заклучно со март 2025 година има намалување од 4,7 процентни поени во однос на БДП.
Платите растат и обезбедивме повисоки плати во администрација, здравство, образование, полиција.
Буџетскиот дефицит го намаливме за 4% од БДП.
Целосно ја отплативме Еврообврзницата издадена во 2018 година, во износ од 500 милиони евра.
Ја намаливме царината за 67 стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во домашната индустрија и обезбедивме целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД како наш стратешки партнер, изјави Мицкоски.