ВМРО-ДПМНЕ поднесува иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе покренат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет.
Борба против корупцијата во судскиот систем
Мицкоски на својот Фејсбук профил истакна дека оваа иницијатива е неопходна за темелни реформи во правосудниот сектор.
„На државата и граѓаните им е неопходна вистинска правда, а тоа може да се постигне само преку длабоки реформи и радикални промени. Досегашните злоупотреби се длабоко вкоренети во системот, но ние мора да ставиме крај на таквата пракса,“ посочи тој.
Мицкоски смета дека Македонија мора да расчисти со корупцијата во судството.
„Македонија мора да се соочи со своето корумпирано мочуриште кое ја држи заробена и е клучна причина за разочарувањето на многу граѓани. Ова е моментот кога мораме да се ослободиме од неправдата,“ додаде премиерот.
Судскиот совет како „главно упориште на неправдите“
Според Мицкоски, Судскиот совет е една од клучните институции што ја одржуваат корупцијата во правосудството.
„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе иницираат разрешување на членовите на Судскиот совет, бидејќи тоа е орган што, според мое длабоко уверување, останува главниот бастион на корупцијата, неправдите и разочарувањата во нашето општество. Нашата земја мора да победи! Не смееме да дозволиме криминалот и корупцијата да ја загушат иднината на Македонија,“ заклучи Мицкоски.
Доколку се оствари најавата на премиерот Мицкоски ќе бидат разрешени членови на Судскиот совет. Полемиките околу судството се актуелизираа откако беше прегазена младата Фросина Кулакова.
МАЈКАТА НА ВАСО РАБОТЕЛА СО НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ! – Судијката требало да се изземе?
Радио Лидер откри семејна професионална поврзаност на семејството на судијката со семејството на обвинетиот.