На настанот Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ кој започнува денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше свое обраќање.
„Честта е одгромна да се присуствува на политичкиот саем кој е одговор на прашањето што работеа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во последните черити години. Тоа за нас претставува и одговорна одговорност, затоа што не бегаме од сите наши решенија, од целата наша работа и од проектите кои ги направивме изминатите четири години“, рече Мицкоски.
Во обраќањето тој потенцира дека вредноста на една личност не се состои од зборовите туку од делата, не од памфлетите, туку од енергијата вложена за постигнување на успех.
„Програмата која ја ветимве во најголем дел вие ја остваривте“, потенцира Мискоски во обраќањето на Саем-Отчет.