Прво партиска реорганизација, потоа кадровски поместувања
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека евентуалните промени во Владата ќе следуваат по завршување на внатрепартиските процеси, посочувајќи дека засега нема да открива детали за можни рокади или имиња.
„Да се стрпиме неколку недели или месеци. Додека не бидам сигурен во она што го зборувам, нема да кажам ниту име, ниту процес“, одговори Мицкоски на прашањето дали ќе има промени во владиниот состав и има ли министри од чија работа не е задоволен.
Промени се очекуваат во мај и јуни
Тој појасни дека во наредниот период фокусот ќе биде ставен на внатрешната организација на партијата, а потоа ќе следуваат разговори во рамки на коалицијата и можни кадровски решенија.
„Очекувам дека до крајот на април или почеток на мај ќе ја затвориме внатрешната структура и потоа, во мај-јуни, ќе се посветиме на меѓукоалициските договори, на кадровските поместувања, освежувања, институциоанлни рокади“, додаде претседателот на Владата.
