Се реализираат многубројни проекти во делот на енергетиката. Се  донесе нов закон за енеергетика, се работи на втора фаза од ветерниот парк Богданци, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски на отчетот пред Владата.

Во делот на енергетиката донесовме нов Закон за енергетика. Во новиот Акциски план(2025) на Еусаир Стратегијата успеавме да вградиме два свои гасни проекти со соседна Грција и Србија кои беа подржани од страна на Европската Комисија

-Гасен интерконектор со Грција.

-Проект за интерконекција со Србија.

Пуштен е во работа новиот 400/110 kv трансформатор во ТС Битола 2.Се работи на Втора фаза – ветерен парк Богданци. Вкупно, над 22.000 домаќинства ќе добијат посигурно и одржливо снабдување со електрична енергија. Вкупната финансиска рамка изнесува 37,6 милиони евра, изјави Мицкоски.

Во делот на земјоделието во период од 12 месеци исплатени се заостанати субвенции и редовни исплати на земјоделците во износ од над 9 милијарди денари. Склучени се вкупно 967 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 2.700 ха.
Откупувачите на тутун ја дополнија откупната цена од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа, се зголеми субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм. За прв пат постигнати се највисоки откупни цени за двете најзастапени вински сорти грозје Вранец и Смедеревка, изјави премиерот Мицкоски.