Мицкоски најави дека консултациите се при крај и предлогот ќе биде испратен во Собранието

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во тек се последните консултации за избор на нов Државен јавен обвинител и дека Владата наскоро ќе излезе со конкретен предлог. Тој посочи дека се очекува процесот да заврши во текот на следната недела.

– Следнава недела очекуваме да финишираат консултациите и да излеземе со предлог име кое ќе го испратиме до Парламентот, рече Мицкоски.

Изјавата ја даде одговарајќи на новинарски прашања по настанот за поставување на камен-темелникот на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.