Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со одлуката на УНЕСКО рече дека е зачуван статусот на Охридското Езеро.
– Тоа е уште една лоша работа која што се случуваше во минатото, во времето на СДСМ. Јас ги гледав тие прес-конференции и тие пораки кои што доаѓаа од Бихаќка и молчевме. Не сакавме да реагираме, бидејќи се боревме, додека тие ликуваа, ние се боревме во една жестока дипломатска офанзива да се даде шанса, да Охрид добие уште еден транзициски период, со што ние би отпочнале со имплементирање на препораките коишто, за жал, претходната Влада не ги започна, изјави Мицкоски
Мицкоски посочи дека извештајот е во период од 2017 до март 2024 во владеење на претходната Влада на СДСМ.
– Не само што не ги започна, туку и луѓе блиски до политичките партии од претходната Влада, продолжија да ги злоупотребуваат познанствата со поединци блиски во претходната Влада. Па така, некои од одобренија за реконструкции правата нови згради — да речеме, во центарот на Охрид. Понатаму, тој извештај за кој што станува збор се однесува на периодот од 2017 до март месец 2024 година, и препораката беше за тој период. Со една координирана интер-секторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнителен период и да почнеме со имплементирање на тие препораки. За таа цел, Министерството за транспорт распиша оглас и ќе ангажираме фирма која што овие дивоградби, посебно во Охрид, а посебно оние дивоградби кои што имаат одобрение за реконструкција, а прераснуваат во станбени објекти, ќе бидат срушени, и со тоа ќе ги извадиме на површина лицата кои што ги злоупотребуваат. А не треба на јавноста, и на вас, да ви кажувам кој е главниот протагонист во таа злоупотреба, посебно во Охридско-струшкиот регион, дециден е Мицкоски.