Од прес-службата на Владата на Република Македонија информираа дека утре, 27 февруари 2026 година (петок), со почеток од 11:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на потпишување на договор помеѓу меѓународната платформа „Спортски игри за млади“ (Youth Sports Games), Федерацијата на училишни спортови на Македонија и „Плазма“ Спортските игри за млади.

Церемонијата ќе се одржи во Свечената сала на Владата, а претседателот Мицкоски ќе има свое обраќање пред присутните гости.