Настанот ќе се одржи утре кај граничниот премин Ќафасан
Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на почетокот на изградбата на нов далекувод што ќе ја поврзува Македонија со Албанија. Настанот е закажан за 2 април 2026 година во 12 часот.
Станува збор за поставување камен-темелник на 400 kV далекувод кој ќе се протега од трафостаницата „Битола 2“ до граничниот премин Ќафасан, на македонско-албанската граница.
На настанот е предвидено и обраќање на премиерот Мицкоски пред присутните.
