Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој ќе се одржи во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија.
Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и Канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската Унија.
Пред почетокот на настанот, информираат од владината прес-служба, предвидени се кратки изјави за медиумите, додека на главната сесија премиерот Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.
