Премиерот ќе изврши увид во завршениот проект
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре во 11:30 часот ќе ја посети целосно реконструираната голема спортска сала во Кратово.
Од владината прес-служба информираат дека со реализацијата на сите три фази е заокружен проектот за целосна реконструкција на салата, која претставува еден од најзначајните спортски и јавни објекти во Општина Кратово.
Проектот опфати повеќефазна обнова, со што објектот доби подобрени услови за спортски активности и јавни настани, а реконструкцијата се оценува како важен чекор за локалната заедница.
Предвидена изјава за медиумите
Во рамки на посетата, премиерот Мицкоски е најавено дека ќе даде изјава за медиумите, соопштуваат од Владата.
