Економски показатели во услови на енергетска криза
Платите бележат раст, инфлацијата и буџетскиот дефицит се намалуваат, а економијата остварува реален раст од 3,5 проценти, посочи премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Тој нагласи дека овие резултати се постигнуваат во време на сериозна енергетска криза.
„И во услови на епска, историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат, го плаќаме солидарниот данок и имаме 3,5 проценти реален раст кога во Европа е речиси еден отсто. И покрај сите предизвици, се справуваме и, наместо коленичење, испраќаме порака на стабилност, сигурност и помагаме“
Тој посочи дека Министерството за финансии го консолидира буџетскиот дефицит, кој бил наследен на ниво над 4,5 проценти од БДП.
Споредби со претходни периоди и економски раст
Премиерот направи споредба со претходни периоди, наведувајќи дека економските резултати во последните шест квартали се повисоки.
„Лани реалниот раст на БДП беше приближно 3,5 отсто, а номиналниот над осум отсто. Ако на тоа се додаде растот на БДП во 2024 година од три проценти или номиналниот од над шест, тогаш можам да кажам дека овие шест квартали имаме просечен раст од речиси 3,5 проценти од квартал. Претходната влада во своите 28 квартали има просечен раст од два отсто. И првите шест квартали им се под два процента. Ако ги споредуваме со нашите, повторно разликата е 2:1, а бидејќи ги спомнуваат ковид-мерките, заборават дека во време на короната, покрај тоа што направија брутален, епски поткуп на изборите во 2020 и носеа уредби во пет до 12, ги зголемија и државниот и јавниот долг за 10 отсто од БДП, повеќе од една милијарда евра фрлија во ветер, односно во поткуп. Овој раст, во овие шест квартали, од 3,5 отсто, е во услови кога растот во Европа е едвај еден процент. Ако го споредуваме кој било период, и најуспешниот во 2006 – 2008 ќе видиме дека тогаш и растот во ЕУ бил толку, имало предуслови за тој раст, а сега ние имаме 3,5 реален раст во услови кога во Европа е речиси 1 отсто, така што сето ова има тежина“
Буџет, инвестиции и дополнителни обврски
Мицкоски повтори дека целта е намалување на буџетскиот дефицит и одржување на економскиот раст.
„Денеска сме со цел да бидеме 3,5 отсто, лани бевме под 4 проценти. И во услови кога го консолидираме дефицитот, имаме раст, и реален и номинален, и покачуваме плати и имаме најсники цени на горивата во регионот и носиме директни фискални мерки, од буџетот субвенциораме диектно кај граѓаните. И ние би сакале да имаме 12 милијарди евра буџет. Во услови на епска, историски најголема криза со енергентите, растат платите, дефицитот се намалува, инфлацијата се намалува и го плаќаме солидраниот данок, од овој месец почна да се враќа солидарниот данок, што го зеде претходната влада. Како почнуваат да стигнуваат пресудите од Евроспкиот суд за човекови права, дополнителни трошоци ќе треба да се плаќаат од буџетот и таа бројка се проценува меѓу 700 милиони и една милијарда евра, пари што оваа Влада ќе треба да ги врати. Но, и покрај сето ова, во услови на криза, имаме најголем раст во регионот за 2025 година, а сега одиме и погоре, со реален раст поголем од буџетскиот дефицит, што значи дека сме ја консолидирале состојбата“
Во однос на капиталните инвестиции, тој истакна дека очекува ревизорските извештаи поврзани со ЈПДП и Министерството за транспорт да бидат меѓу првите што ќе се разгледуваат, со цел да се утврди кој што работел.
