Утре 08.01.2026 (четврток) со почеток во 13:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на новата детска градинка „Сончогледи“ чија изградба чинеше 56 милиони денари, во Општина Гевгелија, соопшти прес центарот на Влада.
Потоа премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните работи на Старата градска чаршија која е инвестиција од над 40 милиони денари.
На крај, премиерот Мицкоски ќе се изврши увид во градежните работи за изградба на нов парк со детско катче со површина од 3.150 м2, каде што по завршување на активностите предвидено изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.
