Премиерот вели дека законите важат за сите без исклучок
Премиерот Христијан Мицкоски бил информиран за инцидентот со приведувањето на Аца Лукас дури по завршувањето на случувањата, согласно тоа што му го пренеле лицата од неговиот кабинет. Тој нагласува дека не бил вклучен во настанот и дека за деталите дознал подоцна.
Пејачот и неговиот менаџер излегоа со обвинувања упатени кон Мицкоски, но премиерот вели дека некој сака да прави естрада.
„Мислам дека не треба многу внимание да му се посветува на ова. Јасни се законите, јасни се правилата, секој мора да ги почитува“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека институциите внимателно ќе ги следат однесувањата на артистите кои доаѓаат на настапи, како и на нивните менаџери.
„Многу строго и внимателно ќе ги следиме однесувањата на ваков тип на естрадни уметници и нивни менаџери“, порача премиерот.
