Секогаш е посебно задоволство кога со нашите соседи градиме разбирање и заедничка визија. Денеска со премиерот Рама во Тирана имавме исклучително конструктивен и пријателски разговор, исполнет со заемна почит и желба за напредок.

Заедно, цврсто чекориме по патот кон Европската Унија, посветени на иднината што ја градиме со партнерство, дијалог и заеднички вредности, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски.