Осудувам секаков вид на насилство или навреда особено кон жена, вели пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

Во однос на случувањата со навредите од страна на Димитар Ковачевски кон пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ, Мизрахи истакна дека осудува секаков вид на насилство и навреда, потенцирајќи дека доколку имаше одговорност за навредите кон обезбедувањето и собраниските работници од страна на спикерот Талат Џафери согласно Етичкиот кодекс, ќе имаше и сега одговорност, па дури и оставка од страна на Ковачевски.

Имаме етички кодекс и доколку кодексот беше почитуван и користен еве во случајот на Талат Џафери навредите кои беа упатени кон обезбедувањето и работниците ќе беше функционален и понатаму. Меѓутоа таа можност за користење на Етичкиот кодекс ја завршуваме со непостапување во тој случај.

Ситуацијата каде што премиер кој не припаѓа на оваа институција, доаѓа од Влада и упатува таква реторика кон пратеник е за поинаква дискусија и казна, па дури и во развиените Западни држави и со оставка на премиер имајќи каква тешка навреда беше изречена кон пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска, изјави Мизрахи.