28-годишен жител на Гостивар утрово бил уапсен откако неговата мајка го пријавила дека физички ја нападнал во семејната куќа, соопшти полицијата.
„Денеска (1 јуни) во 6 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 28-годишниот гостиварец Д.Н., кој претходно бил пријавен од неговата 49-годишна мајка дека во семејната куќа физички ја нападнал“, велат од МВР.
Осомничениот е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.