Вчера околу 17,30 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Патрис Лумумба“ во Скопје бил пронајден починат М.О.(26), при што од лекар е констатирана смрт без траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.