На 23.07.2022 во 19.45 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во Итна медицинска помош со тешки телесни повреди бил донесен В.С.(27) од Скопје.

-По преземени мерки било утврдено дека тој се здобил со повредите околу 19.00 часот додека работел со неговиот татко во с.Владимирово, беровско, при што врз него паднала тракторска приколка натоварена со дрва и му ги притиснала нозете, велат од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Берово.