На 11.03.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атар на с.Арнакија,скопско, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(21) од с.Буковиќ излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Х.З.(24) од с.Форино, гостиварско, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.