На дискусијата за улогата на младинските медиуми во денешницата, се разгледувале клучните трендови, предизвици и можности за соработка.

Младите новинари добија платформа да ги изразат нивните ставови за теми кои се важни за младите во  Македонија. За време на средбата фокусот бил ставен на статусот на младинските медиуми и програми во Македонија и регионот, добивање повратни информации од публиката, родовата еднаквост и интеграцијата на родовите прашања и новинарството во регионот на Западен Балкан.

– Универзитетското радио УГД ФМ е младински медиум, нашите новинари се млади луѓе и дел од работата ни е да ги менторираме. Проектот многу ни помогна да стекнеме нови перспективи и знаење коишто им ги пренесуваме на младите. Во рамките на проектот создадовме сосема нов медиум (https://goce.mk/), којшто објави преку 550 стории напишани од млади и во којшто работи тим од 10 млади новинари, кои се надеваат дека во иднина ќе станат професионалци во областа на медиумите, изјави Игор Стојанов, еден од учесниците на проектот изјави.

Нина Мирчевска од Радио МОФ нагласи дека програмата за менторство во рамките на проектот многу им помогнала на неа и на нејзините колеги од Радио МОФ.

– Се среќававме и разменувавме идеи и искуства со колегите од земјите ширум Западен Балкан со коишто работиме на слични теми. Покрај тоа, научивме како да го спроведеме тоа што ни е потребно, а што не е спроведено досега, додаде Мирчевска.

Проектот „Media for All“ има за цел да се зголеми капацитетот на младинските медиуми да создаваат квалитетна, релевантна, етичка и родово-сензитивна содржина, да се зголеми интересот и вклученоста на младите во медиумите на локално ниво и да се овозможи поддршка за регионалните мрежи на млади во медиумите.

Проектот „Media for All“ им овозможува поддршка на младите новинари и младинските медиуми преку следните активности: програма за обука за млади новинари, менторство за избраните младински медиуми и регионален натпревар за млади новинари, за којшто се составија тимови од по тројца млади новинари кои работеа заедно на сторија на тема што е важна за нивната генерација.

Со Медиа Центар Сараевое создадена специјална програма за инструментален процес на менторство за младинските медиуми ширум Западен Балкан. Од септември 2021 година до јануари 2022 година, медиумите ќе работат со искусни професионалци од областа на медиумите на разни теми поврзани со нивните секојдневни активности.

Проектот „Media for All“ им овозможува менторство, обуки и поддршка од експерти на локалните и регионалните медиуми, за да ги вклучат поефективно нивните читатели, слушатели и гледачи. Целта на проектот е да се промовира квалитетна, етичка и родово-сензитивна содржина, како и да се засили гласот на жените, младите и недоволно застапените заедници. При соработката со новинари, уредници, сопственици и публика од земјите ширум Западен Балкан, проектот овозможува и поддршка за деловен развој согласно потребите на медиумите, зацврстување на двонасочната комуникација помеѓу граѓаните и медиумите и поддршка за младинските медиуми и младите новинари ширум Западен Балкан.

Британски совет соработува со партнерите Балканската истражувачка мрежа (БИРН), Фондацијата „Томсон“ и ИНТРАК (Меѓународниот центар за обука и истражување на НВО) за програмата „Media for All“, којашто е финансирана од Владата на Обединетото Кралство.