Фокус на младите и транспарентност пред граѓаните
Кандидатот за градоначалник на Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски, во гостување на Сител телевизија најави дека младите ќе бидат во центарот на сите политики и проекти на Општината.
„Мене младите отсекогаш ми биле фокус, тие се двигател на едно општество. Јас уште како директор на Клиника за ортопедски болести, спроведов акција да направиме бесплатен преглед на сите деца од прво до четврто одделение и увидовме дека кај 30% од децата има искривување. Зошто локалната самоуправа не ја спуштиме на ниво на школите, родителите не можат да постигнат сѐ, треба да се понуди финансиска помош за деца кои учествуваат на натпревари,“ истакна Трајановски.
Тој додаде дека транспарентноста во работењето на Општината е клучна за граѓаните.
„Голем дел од граѓаните не се информирани, треба транспарентна општина за граѓаните да знаат што правиме. Потребна е финансиска помош за почеток на сопствен бизнис. Во програмата имаме многу проекти кои ги засегаат младите,“ појасни Трајановски.
Кандидатот потенцира дека безбедноста на најмладите, особено во училиштата, ќе биде еден од главните приоритети на локалната власт.
„Јас во неколку наврати кажав дека безбедноста е една од главните точки. Голем дел од родителите се загрижени за своите деца, мора да има видео-надзор на школите, обезбедување на школите, да внесеме сигурност и во децата и во самите родители дека Општината се грижи,“ заклучи Трајановски.
Тој најави дека сите активности ќе бидат насочени кон создавање на современа, безбедна и транспарентна Општина која ќе ги поддржува младите и семејствата.