Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) повеќе не очекува британската економија да падне во рецесија оваа година, но предупредува дека изгледите за раст остануваат придушени.
– Се очекува британската економија да избегне рецесија и да одржи позитивен раст во 2023 година, поддржана од отпорната побарувачка во контекст на падот на цените на енергијата, се вели во ажурираните прогнози на ММФ.
ММФ сега предвидува раст од 0,4 отсто за британската економија оваа година, но порачува дека изгледите сè уште се „придушени“.
ММФ во април во редовните пролетни прогнози прогнозираше речиси ист процентуален пад на активноста за Британија.
Подобрената прогноза одразува поголема отпорност и во побарувачката и во понудата од очекуваното, објаснува ММФ, мислејќи на подобрената деловна доверба и падот на трошоците за енергија.
Британскиот министер за финансии Џереми Хант рече дека извештајот на ММФ покажува „големо подобрување“ во изгледите за растот, припишувајќи ги заслугите на „мерките на владата за враќање на стабилноста и зауздување на инфлацијата“.