Со тоа, од ММФ велат дека ќе инјектираат еквивалент на 9 илијарди американски долари во глобалната економија до 2025 година поради побрзо продолжување на економската активност.

– Нашиот предлог поставува цели, ги проценува барањата за финансирање и утврдува прагматично дејствување, рече Кристалина Георгиева, шеф на Меѓународниот монетарен фонд, на Глобалниот самит за здравје што се одржува во Рим, како дел од Г20.

Во пандемијата животи загубија повеќе од 3,5 милиони луѓе низ целиот свет, а проекциите укажуваат на многу нееднакви здравствени изгледи до 2022 година, што претставува „сериозни ризици за светот“, соопшти ММФ.

Извршниот директор на ММФ, Кристалина Георгиева, на здравствениот самит, организиран од Европската комисија и Групата 20 големи економии, рече дека има смисла богатите економии да ги зголемуваат донациите за да се обезбеди побрз крај на пандемијата.

– Напредните економии – од кои треба да придонесат најмногу за овој напор – најверојатно ќе забележат најголем поврат на јавните инвестиции во модерната историја – до 40 отсто од добивката на БДП и приближно милијарда американски долари дополнителни даночни приходи, наведе таа.