Се зголемува бројот на жртвите од страшната авионска несреќа во Непал. Бројката во моментов е 40 загинати од вкупно 72 патници и членови на екипажот кои биле во авионот во моментот на падот.
Бројката од 40 жртви ја соопштија непалските власти. Авион ATR-72 на Jeti Airlines се урна на аеродромот во туристичкиот град Похар.
Она што засега е познато е дека меѓу патниците имало и 15 странски државјани, од кои четворица се идентификувани како руски државјани, што го потврди и Амбасадата на Руската Федерација во Непал, како и дека загинале.
Покрај руски државјани, имало и пет Индијци, двајца Корејци и по еден патник од Ирска, Австралија, Аргентина и Франција.
Инаку, според „Флајтрадар“, причина за несреќата најверојатно се застарените инструменти на авионот, односно транспондерот кој му дал лажни податоци на пилотот за висината.