Многу топло време најавуваат метеоролозите и за наредните денови, со температури што ќе надминат и 40 Целзиусови.
Многу топло време со температури до 37 степени се очекува денеска ширум земјата, соопшти УХМР.
Според прогнозата, времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура утринава се движи од 10 до 19 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 29 и 37 Целзиусови.
Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 17 до 37 степени.
„Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре започнува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност,“ соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР додаваат дека особено топло ќе биде за време на работната недела. Температурите насекаде ќе бидат над 30 степени. На повеќе места се очекува да надминат 35, а локално и 40 степени.