Во врска со катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко, согласно ангажманот и на амбасадата на Република Македонија во Каиро, двајца наши државјани кои се наоѓаа во камп во Маракеш, пристигнати се во Мадрид и се во добра здравствена состојба. Се очекува нивно упатување кон своите домови во многу скоро време, соопштија од МНР.

Во изминативе два дена нема нови пријавени наши државјани во Маракеш. Нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро продолжува да биде во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални други наши државјани во погодените региони.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732.