– Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме. Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија, стои во реакцијата на МНР.
МНР ги осуди предизборните спотови во Бугарија
М
Министерството за надворешни работи денеска ги осуди предизборните спотови објавени во Бугарија во кои, како што се посочува, се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон нашата држава.