По другите земји во светот, и македонското министерство за надворешни работи со апел до нашите државјани да не патуваат во Либан, а доколку се таму да ја напуштат државата. Повикуваат, наши државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел да ги следат упатствата на националните безбедносни власти и во зависност од потребата и динамиката на безбедносната ситуација, да го напуштат Израел.
За сите дополнителни информации можат да се јават на СОС-дежурните телефони на министерството и на амбасадата во Тел Авив. Министерството ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан, Израел и регионот и навремено да ги информира нашите државјани за евентуалните насоки за постапување, соопштуваат од МНР.