Министерството за надворешни работи, во изминатиов период, целосно ја реорганизира својата дипломатско-конзуларна мрежа во светот, со цел да им излезе во пресрет на нашите државјани кои се наоѓаат надвор од земјата.
До овој момент ниту еден македонски државјанин не пријавил во Министерството, ниту во дипломатско-конзуларните претставништва проблеми при патување со патни листови, ниту со друг вид на документи со Република Северна Македонија.
Од МНР во врска со Патните листови потврдуваат дека дипломатско- конзуларни претставништва редовно се снабдуваат со нови количини на соодветни обрасци и нема застој во нивното издавање.
-Воедно информираме дека на предлог на Министерството за надворешни работи, Владата на денешна седница донесе одлука со која нашите дипломатско-конзуларни претставништва ќе започнат со издавање на патни листови без наплата на конзуларна такса. Исто така, се олеснува и доставата на патниот лист и истата ќе може да биде извршена преку брза пошта, информираат од МНР.