Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Бугарија е подготвена да ја одобри првата меѓувладина конференција за Северна Македонија со ЕУ, веднаш откако ќе го потпишеме билатералниот протокол составен од историски, образовни услови и идентитетски прашања, како што бил преговаран и усогласен меѓу двете министерства за надворешни работи.
– Денеска Собранието донесе оддлука за поддршка на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Ние не додадовме нови барања до Скопје и сме подготвени да ја одобриме првата меѓувладина конференција веднаш штом нашите пријатели од Северна Македонија ќе го потпишат протоколот, како што разговараа и министрите за надворешни работи, објави бугарското МНР на Твитер.
Today🇧🇬Parliament took a decision in support of WB in the #EU We have not added any new requests to Skopje& stand ready to approve holding of the first political IGC as soon as our friends from🇲🇰sign the bilateral protocol,as discussed by the ministers of foreign affairs @MFA_MKD
— MFA Bulgaria (@MFABulgaria) June 24, 2022
Порано денеска бугарското Народно собрание, со 170 гласа „за“, 37 „против“ и 21 „воздржан“, усвои декларација со која, како што се наведува во текстот, се утврдуваат условите под кои Република Бугарија може да ги поддржи следните чекори во процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија.