Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт преку дежурните (СОС) телефонски броеви. За помош и асистенција можат да се обратат на Амбасадата во Тел Авив на броевите +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546 и на адресата telaviv@mfa.gov.mk и во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на броевите +389 75 273 732 и +389 75 268 736 и на адресата globalsos@mfa.gov.mk.

Од МНР информираат дека заради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, во рамките на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е на 24-часовно располагање на македонските државјани. Од Министерството веќе апелираа и македонските државјани да се воздржат од патување во земјите од овој регион.