Министерството за надворешни работи соопшти дека испатило реакција до УЕФА на чиј офиицјален сајт каде се претставени федерациите, покрај името ФФМ, претседателот Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски се запишани дека по националност се Северномакедонци.

– МНР постојано води сметка за точната употреба на името на државата, државјанството, и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации, велат од Министерството за надворешни работи.

Вчера на официјалниот сајт на УЕФА, каде се претставени федерациите, покрај името Фудбалска федерација на С.Македонија, Претседателот Сејдини, и генералниот секретар Поповски се по националност – Северномакедонци!