Денеска одбележуваме 26 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и САД. По тој повод, ја изложивме Декларацијата за стратешко партнерство заедно со знамињата на двете земји и ја осветливме зградата на Министерството за надворешни работи во боите на американското знаме, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи на својата фејсбук страница.
– Високо ја цениме континуираната поддршка на САД за остварување на нашите стратешки цели и остануваме посветени на заложбата за зајакнување на стратешкото партнерство и унапредување на билатералните односи и соработка меѓу двете земји, истакнува Османи.