Министерот за здравство Азир Алиу во среда ќе реализира посета и средби со граѓаните во рамки на иницијативата „Мобилен кабинет“ во Гостивар

Министерот за здравство, Азир Алиу, во среда, 13 август, ќе ја продолжи иницијативата „Мобилен кабинет“ со посета на Општа болница Гостивар. Во 13:30 часот е предвидена изјава за медиуми, која ќе се одржи во холот на влезот на болницата.

Во периодот од 14:15 до 15:15 часот, министерот Алиу ќе има средби со граѓани. На овие средби тие ќе можат директно да ги споделат своите искуства, проблеми или предлози поврзани со здравствениот систем.

За учество е потребна претходна пријава преку платформата „Отворен кабинет“. Таа е достапна на интернет страницата на Министерството за здравство: https://zdravstvo.gov.mk/

Министерството за здравство ги повикува граѓаните на Гостивар и околните места да ја искористат оваа можност за директна комуникација со министерот.

Иницијативата „Мобилен кабинет“ е модел на теренска работа. Преку кој министерот за здравство, заедно со членови од кабинетот, ги посетува здравствените установи низ државата. Досега е реализирана посета на Клиничка болница Штип и средби со граѓаните од овој регион.

Целта е да се овозможи директен увид во состојбите на јавните здравствени установи. Подобра координација со медицинските работници и отворен дијалог со граѓаните.