Хог рече дека бустер дозата која содржи гени кои посебно ги таргетираат мутациите на новата варијанта ќе биде најбрзиот начин да се реши проблемот со намалената ефикасност на вакцините.
– Веќе ја започнавме таа програма, изјави Хог.
Компанијата исто така работи на поливалнтна вакцина која би била ефикасна против четири различни варијанти на коронавирусот, вклучително и Омикрон.
– Тоа може да потрае уште неколку месеци, рече Хог.
Следејќи ги упатствата на американската Агенција за храна и лекови (ФДА), Хог рече дека процесот може да потрае три или четири месеци.
– Бустер дозите за Омикрон, реално, не можат да се излезат на пазарот пред март, а може дури и да дојдат во вториот квартал; освен ако ФДА не ги промени своите упатства за податоците потребни за овластување, рече претседателот на Модерна, додавајќи дека компанијата ќе започне со производство на вакцини додека е во тек тестирањето за да може во најкраток можен рок да им ја понуди вакцината на граѓаните.